Таг: валден

Видео игра според култната „Валден“

На светот изгледа му е доста од игрици со насилство, крвови и стравови. Базирана на книгата на Хенри Дејвид Торо за неговото повлекување на имот покрај езерото Валден сега е преточена во игра преку која се вежба смиреност но и пар навистина корисни вештини за преживување во природа, а богами и во општество.

„Валден“ за 21 век

Еден човек врз кого славното дело на Торо извршило големо влијание, сака да ја преведе и тоа од англиски - на англиски. Неговата цел: да им ја приближи оваа книга напишана на 19-вековен јазик и на новите генерации.

Торо и современите истражувања на климатските промени

Додека се чудиме што по толку пекање по неа пролетта мина крај нас без да ѝ се порадуваме, на еколозите одамна им е јасно дека работата ќе оди само на полошо. Современите истражувања на климата се потпираат на голем број извори, па и на книжевни и теориски дела од минатото.