Таг: трудна

Продавам дете за лајк

Сликата на твоето гравче во петти месец на повеќето стотици пријатели на Фејсбук не им значи нешто. Некој ќе ти стаи срце одоздола, некој ќе ти каже браво, некој ќе ти стави лајк. Истиот лајк што се става на безобразен виц, на добра песна, на убава фотографија и на смешен статус. Истиот лајк што ти го ставаш кај годе, кога нешто ти е многу убаво, многу забавно или кога се согласуваш, кога потврдуваш. А ти твојата ехографија ја ставаш на такво ниво. За да ти кренат палец. И ти си подобра од мене. Потрудна и поубава мајка. Ти да, јас не.

Кога другарка ти е трудна

За цел свет, таа е само уште една бремена жена. Но, не и за мене. Јас се превиткувам од среќа. Брзо и зборам сè што ми паѓа на памет. Што се може што не се може. И посакувам да спие, да биде размазена, да го покажува стомакот што може повеќе. Да не купува глупи труднички алишта и да се прикрива. Туку да биде прчла зашто во следните девет месеци важи пута два.