Таг: топлина

Клептотерми: крадци на топлина

Не мислиме метафорично, кога некој се „гребе“ од добрината и душевната топлина на другите. Не мислиме дури ни на соседи со исклучено парно кои се греат од соседните станови. Мислиме буквално на крадење топлина од нечие тело.

Со енергетската ефикасност се претера

За среќа, кај нас таа енергетска ефикасност се сведува на лепење стиропор на фасадите. Но во земји како Австралија толку педантно се води сметка за тоа што веќе има контра ефекти - новите згради ја заробуваат топлината како најлонски ќеси. И затоа во такви згради летно време не се дише без климатизери.