Таг: руни мара

„Откритието“ (Тhe Discovery, 2017)

Некако се навикнавме на големи, скапи научно-фантастични филмови во кои се комбинираат технолошки со лингвистички, антрополошки и филозофски прашања (Interstellar, Gravity, Arrival). Ова е сличен, но многу понеамбициозен обид, за одговор на прашањето - има ли живот по смртта?

Содерберг - Руни Мара

Руни Мара е една од најпопуларните и најталентираните млади актерки на нејзината генерација, што и донесе и номинација за Оскар за хиперинтелигентната но психолошки „оштетена" хакерка Лизбет Саландер. На прагот на неговотo пензионирање, Стивен Содерберг, кој со неа го работеше новиот психолошки трилер „Нуспојави", ѝ прави интервју преку мејл. И двајцата без влакна на јазикот.