Таг: ролинг стоунси

Чии песни изведуваат Стоунси на новиот блузерски албум?

На 2 декември Стоунси го издадоа „Тажен и осамен“ (Blue &Lonesome), нивниот прв студиски албум по десет години. На него има 12 песни од блуз генијалци, речиси сите од чикашката сцена.

Нова книга за Стоунси на ко-авторот на „Винил"

Рич Коен, кој пишува за Венити Фер и за Ролинг Стоун, заедно со Скорсезе, Џегер и Теренс Винтер е ко-автор на серијата „Винил". Неговата најнова книга која излезе вчера, 10. мај, „Сонцето, месечината и Ролинг Стоунс", е опишана како наративна историја на бендот со чии членови тој се дружел од средината на 1990-тите.

„Егзибиционизам" - голема ретроспективна изложба на Стоунси

Exhibitionism (игра со зборови, ем егизибиционизам, ем изложбизам), ќе содржи повеќе од 500 артефакти од историјата на славниот бенд. Членовите им дале целосен пристап до архивата на организаторите, кои резултатот го опишуваат како „интерактивна тура низ огромното уметничко дело на Стоунси".

Книга за деца на тапанарот на Стоунси

Чарли Вотс своевремено напишал и дизајнирал сликовница посветена на едно пиле. Зад неа всушност се крие љубовта на човекот кој цел живот го мина во рокенролот кон друг жанр музика.