Таг: ренесанса

Ренесансни ножеви со вгравирани ноти за молитва пред и по вечера

Низ музејските колекции повремено се појавуваат ножеви чија намена не е сосема јасна. Изгледаат како со нив да не може баш нешто асално да се исече, а од двете страни имаат реална музичка нотација за религиски песни кои траат по 30 секунди. Во светот во моментов се познати само дваесетина парчиња кои изгледаат навистина убаво. 

Археоботаничарката која трага по исчезнати овошки во уметнички дела

Ренесансните слики можат да содржат скриени пораки, префарбани слоеви, клучеви за толкување на животот на уметниците. Но можат да содржат и значајни податоци за растителниот свет, во случајов за овошките.

Уметнички семејни врски: најпознатите зет и шура на ренесансата

И сега веројатно си мислите - што ли беше тоа шура? Тоа е она што му бил Белини на Мантења, кој бил женет со сестрата на првиот.

Ренесансата и јајцата

Овој месец една изложба на Пјеро ди Козимо, ренесансната верзија на Хиеронимус Бош, патува од Националната галерија на уметност во Вашингтон во Уфици во Фиренца. Тоа е само еден од бројните сликари на ренесансата кој во боите обилно користел жолчки од јајца. Њузвик поставува логично прашање - што ли правеле со толку преостанати белки?

Кратка историја на депилацијата

Eден од начините на кои некои современи жени искажуваат отпор кон хегемонистичката и шовинистичка машка културна матрица е одлуката да не им биде гајле дали влакна им штрчат од под мишка или им ѕиркаат од под хулахопка. Но практиката на женско „обезвлакнување" е историски долга, а во отсуство на креми за депилација и бричеви знаела да биде и опасна.