Таг: мастурбација

Пред Порнхаб: фаталните последици на самозадоволувањето

„Тој беше млад и убав, мајчина радост и гордост - но умре во големи маки, слеп, болен и парализиран, на само 17 годни. Да ги знаеше последиците на мастурбацијата, можеби ќе поживееше“.

Жешкиот секс во средниот век

Стереотипно, средниот век го замислуваме како мрачен и тотално нееротичен. А пак историјата на сексот како линеарна, која тече од репресијата под христијанскиот запад, до денешната (наводна) сексуална слобода. Ама изгледа не било баш така...

Живописни изрази за мастурбација во различни јазици

Дркање, тикнање, ма’ање..тешко дека некој може да промаши за што станува збор кога ќе се употребат овие глаголски именки во македонскиот. Но во некои други јазици заради табуто на самозадоволувањето (или од чисто поетски причини), изразите се толку метафорични што човек може да мисли дека станува збор за нешто сосема друго.

Марк Твен за мастурбацијата

Во 1879, 44-годишниот Марк Твен се качил на подумот на еден џентлменски клуб во Париз и одржал предавање на тема „Неколку мисли за науката на онанизмот". Тоа во 2009 е адаптирано во книшка под наслов „За мастурбацијата", придружена со 30 ретро илустрации.

Извинете Швеѓани, ама нема мастурбација во јавност

По принцип на расипан телефон се разбра дека Шведска во своето портфолио на граѓански слободи го додаде правото на мастурбирање во јавност (се додека тоа не е насочено кон некого). Затоа што Шведска не е измислената порно земја од бајките, информацијата не е точна.

Во потрага по загубените 10 франци

Сајтот Letters of Note, кој објавува кореспонденции на разни познати личности, до сега никогаш не нè изневерил со автентичноста на објавените писма. Ова е сепак едно од понеобичните.

Самозадоволувањето како инспирација

Некои во пишувањето се инспирираат од поглед низ прозорецот, некои од читање туѓи книги, трети од слушање музика. Но има еден начин кој докажано поттикнува креативни сокови. Некои автори отворено проговориле за оваа нивна стратегија.

Не фаќајте нешто за Валентајн

Текстов не е замислен како реакција на подмолните трикови за „омрсување" за Валентајн, промовирани од машкиот дел на редакцијата, и не е совет до сите девојки кои не знаат што да им купат на партнерите за овој празник. Од друга страна, не е грев ни ако го толкувате баш така..