Таг: криспр

Дали конечно заврши војната околу тоа кој е најзаслужен за CRISPR?

Во 2017 во статија под наслов „Лекција по наука за сечие незнаење“ напишавме: „КРИСПР е нешто многу јако во науката и еден од најсериозните кандидати за некоја од скорешните Нобелови награди за хемија“. Денес таа беше доделена на две научнички, за нивниот придонес кон оваа алатка. 

Лекција по наука за сечие незнаење

КРИСПР е нешто многу јако во науката и еден од најсериозните кандидати за некоја од скорешните Нобелови награди за хемија. За да не мора да трпите наши објаснувања, сè друго околу КРИСПР ќе ви објасни Навил Санџана, биолог од Универзитетот на Њујорк. Ама ќе ви објасни и како на дете, и како на тинејџер, и како на студент, дипломиран и како на експерт. Едно од овие ќе го разберете.