Таг: катан

Интервју со Ведран Андонов, државниот првак во „Катан“: Должам кафана што ме убедија да се пријавам

На 20 август, во организација на Гоблин, се одржа првиот официјален државен натпревар во „Катан“. Оние кои играат друштвени игри ја знаат оваа игра како одлична комбинација на среќа, комбинаторика и преговарање – сите елементи во кои Ведран излезе најдобар и со тоа се здоби со можност (а сега богами и обврска) да ја претставува Македонија на Европското првенство во Катан во Копенхаген од 27-29 октомври. Па, да го запознаеме шампионот.

Нова книга со рецепти инспирирана од друштвената игра „Катан“

Во пресрет на првото Државно првенство во „Катан“, кое ќе се одржи на 20 август од 11 часот во „Јавна соба“, рецепти инспирирани од оваа игра-бестселер, и причина повеќе да почнете да ја играте - ем друштво, ем добра храна.

Букбокс друштвени игри: „Катан“ - игра за цел живот

Да познаеш разлика помеѓу некој што игра друштвени игри на ниво на „А, да, имаме дома Монопол“ и на таков што е подготвен да реновира дневна за да има место за редење токени, карти и фигури понекогаш е многу едноставна. Ако „овци, дрво, глина и камен“ му асоцираат не на географија од шесто, туку на „Катан“, тогаш најверојатно е поблиску до втората група, или барем на добар пат да тргне натаму. Затоа што голем број денешни играчи се навлекле на борд гејмс токму поради неа. Денешниот гостин е токму таков пример. 

Забарот кој ја креираше „Катан“ - една од најпопуларните друштвени игри во светот

Со над 25 милиони продадени копии и преведена на повеќе од 30 јазици, „Катан“ неодамна се појави и во издание на македонски. Нејзиниот изумител почнал да се занимава со друштвени игри од мака, на тој начин усреќувајќи се и себеси и милиони луѓе низ светот.