Таг: кансел

Бришењето на Џ. К. Роулинг

Њујорк Тајмс ја одобри идејата дека наводниот ретрограден био-есенцијализам на Џ. К. Роулинг не само што не е модерен, туку го прави нејзиното постоење непожелно.

Зошто никој не може да ги „откаже“ Долче и Габана?

Стефано Габана и Доменико Долче, и покрај нивната контроверзна историја, како да се имуни на последици, особено такви на какви што сме навикнати во последно време. Во Вог имаше и наслов: „Дури ни апокалиптично невреме не може да го откаже шоуто на Долче и Габана“, а во Ел рекоа дека имало „изненадување со виножито што го обои небото“. Харперс Базар рече дека било „епско“.