Таг: грешки

Грешки вредни за Нобел: кога комитетот му јавил на чистач на теписи дека е добитник на наградата за хемија

Комитетите кои одлучуваат кои ќе бидат годишните добитници на високото признание во различни области го прават тоа обврзувајќи се на строга тајност. Првично, записниците од дискусиите требало да се држат во бункер засекогаш, но сега деталите за процесите можат да се објават по 50 години. Еве неколку интересни приказни кои притоа биле обелоденети, заедно со пар забуни и грешки.

Не е прстен туку скара на ќумур: што е со погрешните кинески тетоважи?

Во 2019, прославувајќи го успехот на својот нов хит сингл „7 прстeни“, Аријана Гранде си направи тетоважа на внатрешната дланка. Тоа требаше да бидат канџи - јапонски симболи за изразот. Но набргу се покажа дека тетовирала „мала скара на ќумур“.

Како изгледа балетска кореографија со намерни грешки?

Секој кој присуствувал на аматерски (и не само на такви) балетски претстави каде се случиле некакви грешки, ги забележал: доцнењата, сопнувањата, несинхронизираноста, па дури и паѓањата. Сите тие овој пат се намерно вградени во смешна кореографија под име „Концерт: опасноста од сите“.

Зошто е тешко да си сам свој коректор?

Чувството го знае секој оној кој манично се труди да нема грешки во неговите текстови. Го ц'цкаш, го препрочитуваш, и го објавуваш сигурен дека не ти се измолкнала ниту една буква. Но првиот читател веднаш ја забележува грешката за која ти при очи си бил слеп.

Уметност од грешките во Google Books

Проект од такви размери како архивата на Google Books повлекува потенцијални грешки од различен тип. Една од нив е - додека читате книга на Гугл да ви се појави раката на оној кој ја скенирал книгата, со навлечен розов „кондом“ на прстите. Луѓе од целиот свет сега ги регистрираат овие грешки, кои се една фина пукнатина во навидум совршениот дигитален систем.