Таг: гоустрајтер

Кој е вистинскиот автор зад мемоарите на принцот Хари?

Малку е да се каже дека книжевна (?) тема број еден на почетокот на 2023 е автобиографијата на принцот Хари, особено (и разбирливо) во Британија, каде книжарници отвораа и на полноќ за да излезат во пресрет на љубопитните читатели. Нам не ни е толку интересна содржината на книгата, туку нејзиниот гоуст-рајтер.

Човекот на кого му биле дадени две недели да напише биографија на Џегер

Во 1983 „гоустрајтерот“ Бери Колман добил неверојатна задача - итно да напише книга која негов претходник ја влечкал со месеци, а чие неизлегување би значело крах на издавачката куќа. А темата не била баш едноставна.