Таг: гневните осуммина

Извинувањето од пиратите што го објавија торентот за Гневните осуммина

Изминативе две недели групата Hive-CM8 на торент објави неколку висококвалитетни верзии на некои од најголемите нови филмски хитови. Нивната промоција на пиратската сцена започна со Гневните осуммина на Тарантино, кој беше целосно објавен на торент една седмица пред кино премиерата на филмот.

Гневниот режисер и неговиот филм

Клипов е дел од оние редовни ставки во промоциите на нови филмови, овој конкретно е за Гневните осуммина (The Hateful Eight) на Тарантино. Во него ги има очекуваните елементи: разговор со филмски ѕвезди, режисер и исечоци од филмот... и сето ова е небитно, клипов треба да се гледа само за да видиш како изгледа човек кој со еснафски мерак и детска радост зборува за својата работа и она што го направил. Човекот е Тарантино.