Таг: филм

Бредли Купер снима биографски филм за Леонард Бернштајн

Читајќи ја „дебелата“ биографија на Хемфри Бартон за Бернштајн (преведена и на македонски), човек не може а да не се праша зошто до сега никому не му текнало да сними филм за овој бескрајно талентиран и необичен лик. Во меѓувреме сепак му текнало, и тоа на Бредли Купер. 

Новиот „боди-хорор“ на Кроненберг е перверзен, еротски спектакл

Ај-ди.вајс споделува мислење за „Злосторства на иднината“, со Кристен Стјуарт, Виго Мортенсен и Леа Сејду.

Руперт Еверет: Не ни требаат правила за кој што може да глуми

Актерот Руперт Еверет рече дека не смета дека геј ликови треба да ги играат исклучиво геј актери.

Вим Вендерс ќе прави филм инспириран од проѕирните јапонски тоалети

Јапонците се мајстори да направат чудо од навидум обични работи. На пример од она што за нас стереотипно е грдо и валкано место, кадешто не се оди освен ако ептен не мораш - јавното ВЦ.

Што ако паднеш во кома во 4-та средно и се разбудиш денес?

Истражувањето е во вид на нов филм со Ребел Вилсон, Senior Year, или по нашки, „Четврта средно“. Доаѓа на Нетфликс на 13 мај.

„Улица на кошмарите“: книгата според која е правен новиот филм на Гиљермо дел Торо

Новиот филм на мексиканскиот режисер со Бредли Купер, Кејт Бланшет и Руни Мара црпи од два извора: крими роман од 1946 и првиот филм снимен според неа од 1947. Вистинските кошмари на авторот на книгата се убедливо преточени во „ноар“ приказна, која во реалниот живот завршила подеднакво мистериозно.

Смее ли Хелен Мирен да ја игра Голда Меир?

„А Евреин смее да глуми лик што не е Евреин?“ Со ова, Хелен Мирен како да го замолчи делот од светот што реши да го доведува во прашање нејзиниот ангажман за насловната улога во филмот за Голда Меир.

Зошто не кажувате дека може да се тужи за филм што те разочарал?

Двајца фанови му приредуваат чудни проблеми на филмот Yesterday на Дени Бојл, инаку излезен 2019 - го носат на суд.

Кога Силвестер Сталоне го извадил Вуди Ален од памет

И така добил една од своите први филмски улоги.

Новиот филм на М. Најт Шамалан ќе биде еден кадар

На авторот на „Шестото сетило“ секогаш му се драги експерименти, ама најновиот проект може да се покаже како најголем предзивик досега во кариерата.

Што се случи со Карен и Хари во „Всушност, љубов“?

Во моментов е сезона на „Всушност, љубов“, па може да се потсетиме на едно горливо прашање што сценаристката на филмот го одговори во 2015.

Трилер со викинзи и Бјорк

Доаѓа одмазднички, викиншки филм и сега има и трејлер.

Вистинската приказна зад „Последниот двобој“ на Ридли Скот

Направен врз основа на истоимена книга на Ерик Џегер од 2005, ова е филм за една историска мистерија, која не е разрешена ни по шест века: дали благородничката Маргарита де Каруж била силувана од штитоносецот Жак Ле Гри? Во средниот век единствен доказ за вистината во отсуство на сведоци била победа во вооружен дуел, на живот или смрт. 

По 16 години ослободен погрешно обвинетиот за силување на писателката Алис Себолд

Алис Себолд, најпозната по својот роман „Прекрасни коски“ по кој Питер Џексон („Господар на прстените“) сними филм, во 1999 напиша мемоар во кој клучен момент е силувањето коешто го преживеала во 1981. Сега таа му се извинува на човек кој поминал 16 години зад решетки за дело кое не го сторил. 

„За грст долари“: стариот вестерн е синхронизиран на јазикот навахо

Славниот филм на Клинт Иствуд е најновиот кој е синхронизиран на јазикот на народот Навахо, после „Војна на ѕвездите“ и „Барајќи го Немо“.

Филм за во кафана

Наводно, имало некој нов филм што било чист криминал да го гледаш во кино. Наводно, филмот заслужувал да биде пуштан во кафана. И тоа не во обична кафана туку во кафанчуга. Во кафанчуга со жива музика што ќе ти ја свири целата музика од филмот, со чад од цигари, со келнери постари од калдрмата пред кафаната, со гости поистрајни од келнерите, со дупнати чаршафи и со кршење чаши. Е, само таква почит би била правда за овој филм.

Како Ковид ја уби(ва) критиката?

Пандемијата наметна потреба од меѓучовечка солидарност и љубезност. Но ова влијаеше глобално на театарските, филмските и книжевните критики, кои станаа по меки и по „со разбирање“. Дали ова ќе остане тренд?

Кралицата на Данска е дизајнер на нов филм на Нетфликс

Актуелната кралица на Данска, Маргрета Втора, на своето дизајнерско портфолио ќе додаде и адаптација на фантастичниот краток роман на Карен Бликсен, „Еренгард“.

„Мислевме дека се духови додека не видовме како одат по нужда“: првиот контакт со белите луѓе

„Прв контакт“ е австралиски документарец од 1983, кој раскажува за навлегувањето на белите луѓе во неистражената внатрешност на Нова Гвинеја во 1930, каде живееле еден милион луѓе кои никогаш не виделе различни од нив. На моменти тој е пресмешен, на други трогателен.

Русија брза да сними филм на Меѓународната вселенска станица (пред САД)

Aктерите за новиот руски филм „Предизвик“, кој ќе се снима на вселенската станица ќе бидат лансирани во ракета од космодромот Бајконур на 5 октомври оваа година. Истовремено, сличен проект најавија НАСА и Том Круз. Вселенската трка изгледа повторно почнува.

Зошто филмските ликови никогаш не велат „чао“ на телефон?

Некако ни е јасно дека ако сите филмски телефонски разговори би започнувале со вовед и би завршувале со реален епилог (како нашите традиционални „ајде“...„да, да“...„ајде“...„ќе се чуеме“...„да, да“) тогаш филмот би поминал само во такви монолози. Ама баш никој да не се поздравува ко човек на телефон делува некако грубо.

„Татко“: како е постигнато чувството на дезориентација во филмот?

Новиот филм со Ентони Хопкинс е трогателен и моќен, а за тоа придонесуваат најмалку два елемента: неговата одлична глума, но и нешто што се вика „продукциски дизајн“ а на кое ретко обрнуваме внимание.

„Соништа“ - документарец за моќта на волјата во време на неволја

На 30 јануари 1969, во тешка година за бендот, Битлси ненајавено изведуваат концерт на покрив во Лондон.
На 30 мај 2020, во година обележана со пандемијата, неколкумина пријатели со фамилиите и комшиите се собираат на свирка на сличен покрив во Ниш. Целиот потфат останува забележан на камера.

Советскиот анти-расистички филм од 1936

„Ексцентрична музичка комедија“ - вака бил опишан филмот „Циркус“ во времето на неговата премиера. Но од денешна гледна точка тој содржи многу повеќе од музика и хумор.