Таг: clueless

Пред дигиталниот плакар на Шер Хоровиц, Марија Антоанета имала гардеробер во книга

Ви текнува на програмот што Шер од Clueless го имаше на компјутер, за испробување комбинации без мачење да се облекува? Е па, долго пред тоа, кралицата Марија Антоанета секое утро се консултирала со Gazette des Atours, компилација од примероци од материјали што го претставувале секое можно парче од нејзиниот неверојатен арсенал на облека, внимателно подредени по боја.