Таг: бил бур

Уште еднаш, ќе му се извини ли некој на Џони Деп?

Овој пат иницијативата доаѓа од Бил Бур, најновата позната фаца што јавно се произнесе со подршка за Деп. Коментираше и дека „ја уништува“ Амбер Херд на суд.

Здравиот хејт на Бил Бур

Нема еднаш Бур да се има појавено кај Конан а тоа да не биде урнебесно добро. На пример кога ја закачи Опра и нејзината лажна вџашеност од „социопатот на точак“ Ленс Армстронг.

Бил Бур за жените и феминизмот

Некои ќе се најдат навредени од урнебесно прецизните поенти на Бур, ама па што, не е тоа црна чума. Од навреденост никој досега не умрел. За таквите имаме и други видеа.

Бил Бур доби дете и прекинете да ја правдате Хилари

Две хируршки прецизни поенти:
1. Изгуби од човек што неделно кажува по три работи што би упропастиле сечија кампања.
2. Ако за поразот се криви белци расисти, кај беа истите овие расисти на последните два избора кога можеа да гласаат против црнец?

Бил Бур за Брус/Кејтлин

"Веќе ми недостасува тој тип. Требаше да ни даде шанса да се простиме од него, А го гледав и на Олимпијада а после и на она одвратно шоу кое жена ми го гледа во кое тој само се мота позади и никој не го слуша".

Логични прашања (што ќе ни направат проблем)

За Еболата, и позицијата Прва дама (или Прв сопруг) и нејзините активности, и како Бил Бур тоа махерски го спои со позицијата сопруга на водоводџијата што ти работи дома.

Епидемија на спонзоруши и слични проблеми за мажи

"Љубоморен сум на жените, не затоа што вам ви се решени проблемите, туку затоа што барем вашите проблеми ги сфаќаат сериозно."