Таг: алат

Колку е лошо ИКЕА пакетчето со алат?

Одговорот зависи чисто од тоа што очекуваш од него.

Најдобар алат за 2021 (веројатно)

„Проект фарма“ е Јутјуб канал чиј сопственик има една ретка пасија, на раб со фетиш, за што е можно понаучна методологија да тестира алат со водење статистики и правење графикони.

Спреј пиштол за фарбање

Изгледот и функцијата му се како нешто што би се продавало преку теле-маркетинг, пиштол за молерисување што го носиш на рамо и фарба како на реклама, ама во пракса не ни најмалку за потценување и сериозно врши работа.

Зошто не ми сечат ножиците?

Се случува додека некаде шишам жива ограда, некој минувач да ми пристапи и да ме праша од каде ми се ножиците со кои работам. Се гледа восхит во неговите очи. Моите ножици сечат беспрекорно веќе 8 години. Се гледа дека не се нови и дека се „убиени“ од работа. И неговите некогаш сечеле... кога биле нови. Но, по некое време, обично по некој месец или година, веќе се за во канта. Не сечат. Како веќе и да се заʼрѓани.

Узми цевку и работи

Следнава вест владиката Петар би ја проследил со коментар: "Жените или ќе го стегнат светов или ќе го доотшрафат"