Виц

Генерациски виц на денот

Тинејџер прави пирс на веѓа, доаѓа дома а неговите му викаат:
- Е, глупо дете, види кај си го дупнало ушето!

Птичји виц на денот

Одат двајца Охриѓани да купат папагали.
Продавачов немал два, па на едниот му дал папагал, а на другиот був. По неколку дена се среќаваат.

Комшиски виц на денот

"Замисли, еден идиот од комшија ми ѕвонеше во три сабајле. Толку ме извади од памет, бор машината од рака ми падна."

Друштвен виц на денот

- Сине, се запаливме, излегувај надвор!
- Чекај да објавам на Фејсбук!!
- Тагни ме!!!

Чак Норис виц на денот

Супермен и Чак Норис еднаш се буткале на рака. Тој што изгубил морал до крај на животот да носи гаќи преку панталоните.

 

Евалуациски виц на денот

По првата брачна ноќ, мажот и вика на жената:
- Драга, судејќи по твоите вештини, изгледа дека не сум ти прв.
- Драги, судејќи по твоите, не си ни последен.

 

Видео виц на денот број 2

Еве го лепотанот по вторпат на нашиот сајт! Кај него не е важно кој виц го кажува, важно е што неговите вицови секогаш завршуваат на негово општо изненадување!

Предсезонски виц на денот

Скопјанец летува во Охрид. Се намачкал, легнал на плажа да се сонча, задремал. По некое време се буди, се гледа и почнува да пцуе по Охриѓани. Го прашуваат што пцуе а овој вика: - Како бе да не пцујам, саат време лежам и одма ме изгребале со клуч.

Видео виц на денот

Мујо го згазил камион. Јеби га. Полицијата ја викнала Фата на увид. Јеби га.

Кратко-јасно виц на денот

- Девојче, колко години имаш?
- А ти колко ми даваш?
- 50 евра.

Утешителен виц на денот

Излегува Фата од салон за убавина, надвор ја пречекува Мујо и ѝ вика:

- Ако де, барем проба...

Банкарски виц на денот

Влегува Мујо во банка и бара да му исплатат 200 евра. Службеникот му дава формулар и му вика: Потпишете овде...

- Ништо јас не потпишувам.

Рачен виц на денот

Мојот син дојде по раката на вашата ќерка!
- А што, тој нема рака?!
- Има, ама веќе изморена му е.

Исповеден виц на денот

Отишол млад дечко кај свештеник да се исповеда:
- Оче, се оженив.
- Па, тоa не е грев.
- Сеедно, се каам.

Автобуски виц на денот

- Зошто во градските автобуси во Скопје воведоа интернет?
- За да може секој да го тагне оној што го тепал.