Македоника развива голема он-лајн библиотека која ќе ги содржи македонските класици, современи автори, а ќе промовира и млади и надежни книжевни перјаници. Планот е да ги содржи и сите потребни лектири, како и книги со значајни документи од нашата национална историја. Сето тоа достапно на компјутери, таблети и е-читачи, и засекогаш БЕСПЛАТНО.
Платформата ќе биде промовирана околу Нова година, но засега само да ве чепнеме. Регистрирајте се TУКА и ѕирнете ги книгите кои се веќе онлајн (засега само на монитор), меѓу другото и од автори застапени во нашата Книготека.
Наскоро со повеќе детали.