Бавчи

Бавчи: Отец Пимен - Патувајќи

Прочитав некаде дека ниедно чувство не ги прави луѓето помалку наклонети кон кршење на законите од стравот. Оттука, си поставувам прашање... Ако стравот ни помага да се одржиме во живот, зарем е живот тоа нонстоп во страв да се живее? 

Деновиве сам себе се прашувам...

Јас ли се сменив, или само секој си ги покажа своите рогови?

Политика ли е ако напишам текст за тоа?

Ах, златно дома. Изгасен телевизор, телефон далеку од раце ставен на нечујно. ФБ колку да измориш очи пред да заспиеш. Блажена неинформираност.

Ако наведнеш глава кога ова ќе го прочиташ, нема да ме чуди дереџето кое нė снашло.

Не мора многу да читаш за да го запознаеш Бога. Доволно е и ова што го прочита денес. Малку читај ама многу спроведувај од она што ќе го прочиташ.

Полош од еднопартискиот е двопартискиот систем. Можеби кога сите ќе се иселиме и ќе добиеме можност да гласаме во новите земји, ќе сфатиме зошто е тоа така.

Што да се прави кога живееме во времиња во кои адетот и традицијата се побитни од верата?

Сè нешто се гледа, на ништо крај не се види.

Барајќи сенка цело лето, секој на своја страна, на триста огни изгоревме. И, еве дојде и летото циганско. Изгледа ќе потрае.

Преку ситната рипка, старецот сфаќаше колку сме сите ние ситни риби во животното море. Сфаќаше дека суштината на животот и промените се состојат во сопственото наоѓање на мирот.

Ако слушнете некој да се спрема да крсти дете Пимен, пишете ми. Ќе го крстам нит по стара, нит по нова тарифа туку бесплатно.

Од ќеф.

Нашиве земаат ли земаат бугарски пасоши, и си заминуваат на запад. Деновиве чув дека во Битола направиле и некое предавање за начинот на кој најбрзо може да се дојде до пасапорта.

Дотаму стигнавме, што и оние кои сакаат да бидат свои во овој период треба да бидат нападнати, жигосани, осудени по име и презиме, затоа што се "тајни" поддржувачи на едните или другите.

Денови тешки, тмурни, неизвесни и посни, и таман за повторување: Господи Исусе Христе, дај ми да потрае неосудувањето. Не сакам да не јадам месо, а да го изедам мојот брат.

И кога ќе сумирам дека од борбата за и против слободата на говорот, намерно или ненамерно се изродиja исламофобија, заговори, други убиства и закани во најава, ќе се запрашам...

Дали и јас сум Шарли?

Го затворам и ајпадот, мојот верен другар во овие осамени ноќи. Знам дека тој верно ќе ги чува овие мои исповеди кои веќе утре ќе ги прочитате и вие.

Погледнато од перспектива на денешните центри на светот, зад седум мориња и седум езера, зад седум рида и планини, зад седум членки и седум со кандидатски статус за влез во Европска унија, си постоеше една малечка и убава шумичка.

Нивниот сон не е криминал.

Криминал е кршењето на нивниот сон.

Веќе ми е јасно кај тргнале емигрантите, но не ми е јасно кај сме тргнале ние, бидејќи ние, наместо да одиме по зборовите Христови: не прави го на другите она што не сакаш тебе да ти го прават, трчајќи по материјалното, отидовме по ѓаволите.

Не ме прашувајте како оди епархијата, има ли доста нашинци низ Европа. Не ме прашувајте оти не сакам да ви кажам дека нѐ има сѐ повеќе Македонци, но, надвор.

Не ме прашувајте, оти ме болат сите одговори.

Велат дека секој монах на прашањето што би бил кога повторно би се родил, oдговара со: монах.

И јас сум еден од нив.

Зошто?

Бидејќи само преку тој подвиг, можеме да ги разбереме зборовите на св. Антониј Великиот: "Јас од Бога не се плашам, јас Бога го сакам."

Отец, сега веќе Владика Пимен

Повторно ден по ден, и пак, и претходниот, и следниот ден во кој црната хроника го преплавува медиумскиот простор. Брутално убиство на Балканот, неочекувано самоубиство на комичар во светот, двојно убиство насред кафеана во комшии и нова сообраќајна незгода во која гине мој сограѓанин, мој близок роднина.

Отворам очи едно утро, земам телефонот во рака да видам колку станал саатот, кога на дисплеј, покрај логото со загризаното јаболко, саатот, датумот, знаците на ВИП за јачина на мрежата, WI-FI и процент на полност на батеријата, еве ти и една ФБ порака во инбокс, потпишана и испратена од лицето со иницијали С.М - Т. која парафразирана гласеше: Хеј друже & брате, сакаш да ти пишам нешто или си во фрки?

Не дека во Откровението не е споменат крајот на светот, и дека ќе дојде до војни (кои постојано ги имало и ќе ги има, за жал), и до поплави и земјотеси, и поголеми отколку овие кај нас во регионов, ама веројатно некои се убедени дека од кај нас треба да почне. Малку ли ни е злото на денешниот ден?

Па што и ако утре дојде крај на светот, а ти денес умреш?

И сè е тоа убаво, дури и прекрасно на моменти, особено кога соновите ќе почнат да стануваат јаве, и кога нешто сепак ќе те опоменува дека ''цело е кога има сè'', и кога на едно место се и сонот, и неговото остварување, и сеќавањата. Убаво е и кога ќе ја напуштиш Преспа и Македонија, и ќе видиш и сто пати поубави котлини и држави, а сепак тие места кај што си се родил ќе ти останат и дом, и родно место, и татковина, и носталгија.

Доаѓаа луѓе кои донираа, но доаѓаа и луѓе кои кога видоа купишта облека па бараа нешто и за нив, кои имаа потреба од нова облека. Им верувам, и јас, и сите кои помагаа. Се гледаше по нив, по нивната облека дека навистина им треба помош. Сѐ уште верувајќи во системот и организираноста на Црвениот Крст и разни други хуманитарни организации ги упатувавме таму. Но и тие едногласно нè уверуваа, дека немаат доверба во системот. Од искуство, велат.

Навистина не е мое да се мешам, ама мое е да кажам дека не е убаво да се полниме со злоба и нељубов. Не е мое да се мешам, ама се плашам дека и Велигденското торжество ќе го расипеме со тоа што годинава Велигден се паѓа помеѓу прв и втор круг на изборите. Немој и од него политика да направиме, ве молам. Далеку е другата Прочка за да си ја простиме таа глупост потоа.

Сепак не беше сè така црно. Колку и да изгледа глупаво и до солзи смешно, според мене најголем благослов оваа година ќе имаат оние кои го спасија попот од давење. Не поради тоа што е поп, туку затоа што е човек. Животот на секој човек без оглед на пол, вера, нација, раса па дури и трапавост е посвето нешто и од најголемиот и најскап крст. 

Не е од љубомора, верувајте. Не го мразам. И да сакам, не можам, па комшии сме. Еве кај е Шведска, а кај е Лапонија. Не го чуствувам како конкуренција и покрај тоа што носиме иста титула дедо. Ќе го спомнам добронамерно, да се окривиме за нешто сите оние кои наседнуваме на прикаската, за нешто да поучиме од него, и на крај, за нештата да станат појасни и нормални.

Мојот занает е најстар - рече самозадоволно хирургот, бидејќи е од моментот кога Господ го заспа Адама, и му го извади реброто за да ја создаде Ева.

Грешиш... се јави економистот. Пред таа операција што ја спомнуваш, Господ го создаваше светот, создаваше капитал и затоа велам нашиот занает е постар.

Не грешете душа... се огласи теологот. Па нашиот занает постои од кога постои и Бог, а Тој постои и пред создавањето, и пред операцијата.

А нели пред постоењето на Бога постоел само хаосот? - праша политичарот. А кој друг можеше да го создаде хаосот, ако не ние политичарите?

И имаше резултат. Се случија промени. Се даде шанса на демократијата да си го покаже вистинското лице. Дојде денот кога се врати демократскиот повеќепартиски систем. Тогаш обесправените побожни патриоти станаа демохристијани, искусните дотогашни социјалистички функционери станаа социјалдемократи, оние помеѓу станаа либерали и веќе можеше да почне со градењето на новата Фарма, овојпат наречена Македонија.

Во време на нагласена кампања, и наша и на Владата за женење, мажење, фб е најмоќно стројник орудие. Да беше човек, што чевли ќе се изнаносеше. И неблагодарно е некако од наша страна да се бунтуваме против него оти, ете, преку тоа ни ја зголемува и работата и приходите.

Сѐ станало црно бело. Ако не си со мене, против мене си. Или си од нашите, или си од нивните, трето нема. Политиката влезе во секоја пора од општеството. Таа - политиката, влезе и во парковите, во градбите, во дрвјата... Па и во хуморот влезе, та и хуморот ни го одзеде таа пуста. Па човек веќе не може да се пошегува, а да не биде обвинет за мешање во политика.

Би сакал сите да замислиме како би ни се движела историјата, во последниве стотина години барем, кога не би се врзувале за некои сомнителни поговорки, туку со максимите на нашите револуционери. Сигурно и денешницава а и иднината ќе ни беа повесели.

Драги мои, еве ме и мене во обид да станам бавчанџија, по примерот на Тихо, Сандра, Бетмен, Емили, Дарко и Јана, во обид на бавчата да одгледам здрава храна. Еве, уште на стартот ветувам дека храната од мојата бавча нема да биде третирана со догматски, ниту пак со други религиозни препарати, за да не се најде некој повреден како припадник на друга религија, или пак како припадник на атеизмот. Темите ќе се движат во рамката на името на бавчата "Патувајќи" и ќе бидат обид да направат компарација помеѓу западот и Македонија, со цел навремен отпор кон некои негативни западни трендови и тенденции но, и усвојување на некои корисни и позитивни работи. Секогаш има милион пречки од обидот до крајната цел. Белким ќе има ефект.

Ај, со Бога напред.