Бавчи › Бетмен - Здраво Боби

Зошто е лудило да си Претседател на Македонија?

Сериозно наближува еден животоопределувачки ден за судбината на кревка независна Македонија: Претседателските избори. Така да време е да се уозбилиме бидејќи државата чека на нашите идеи и ете во наредниов период ќе поработиме на тематиката со цел да створиме јасна слика за претседателски прототип кој ќе не избави од лукавиот и ќе биде родител-старател на нацијата во наредните 5 години што значи дека со нас ќе биде кога ќе гледаме тв програми за кои се препорачува надзор, ќе не тера да му хухаме навечер кога ќе си дојдеме дома и ќе не воспитува да стануваме на постари во автобус...

Идниот претседател на Македонија ќе јаде инсекти

Пред десеттина дена изби пожар во еден дел на студентскиот дом „Гоце Делчев". Втор пат во две години. Мојот детективски аналитичен нос веднаш влезе во „CSI: Goce Pa Ni Go Otepaa" расположение и започна да ги намирисува причините поради кои се јавува жар во студентските кругови. Аналитиката ми ја олесни она што се случи ден потоа...

Шо Македонка ти?

Поминаа неколку тешки, траорни тмурни денови после историската изјава на Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски , формулирана во Закон за забранување употреба на знамето со Сонцето од Кутлеш .Либералите во Македонија уште еднаш покажаа и докажаа дека се...

Зачувај Боже

Какво време дојде... eсенско. Да не може човек раат да настине. Искрено се понадевав дека шмрчкањето со носот и чувството како бумбар да играл пајдушко на музика од Продиџи околу твоите синуси се доволни за на рецепта човек да изнуди терапија од типот Итно зафаќање моржовска поза во максимално инертно стање кое може да се промени во три случаи: ако Гринпис дојде да ме спаси, ако Дискавери дојдат да снимаат документарец за моржови или комбинирано, ако Дискавери снимаат документарец за заложниците од Гринпис кои гњавеле еден задреман морж. Ама ѓаволски сум се зафркнал. Зен-раатот и болувањето во осама ми го прекина сеизмолошката опсерваторија на Македонија која регистрираше ваква вест: „МПЦ забрани Фејсбук". Ctrl+S, Боже...

Зошто пишувам?

Го разлистував малку стариот материјал. Знаев дека отприлика помина една (цела, нели) година од свеченото пуштање во употреба на новата бавча на офф.нет.мк која Владата на Трендоленд одлучи да ја ослови со универзалното поздравително мото „Здраво Боби"...

Среќата со пцуење не се купува

Така да, јас ќе ти кажувам, а ти не мора да ме слушаш ако читајќи од кого доаѓа, со презумција на апровинцијалност ти се потслошува на кажаното. Да се изразам со речник на еден доктор по философија: тоа ти е исто како женско стенкање при секс. Ако доаѓа од под тебе, си лудо среќен. Ако доаѓа од кај комшиите, си окезен и радознал. Али ако доаѓа од собата на сестра ти, ставаш слушалки и пушташ Пантера до даске. И 10 години подоцна пцуеш луѓе на нет.

Македонија ќе биде Европски шампион

Добро де... Македонија изгуби од Црна Гора во премиерниот меч на Европското првенство. Проблем? Нема. И минатиот пат го сркнавме од Црногорците на старт, па после, како што веројатно би рекол повторно пара-психотропно емотивно стимулираниот Игор Трпевски, „го направивме она што Александар не успеа, а му беше сон, тргнавме на Запад" и стварно им се потпишавме на гради на дамите во пола Европа.

Дедо, јас сум твој внук

Немал панцир, тврдам дека немал, но и да имал, го оставил дома. Не му требал панцир. Не сега, не денес. Во некои битки се гине само еднаш. А оваа е таква битка. Го спремил полицискиот шмајзер кој засјаал на секунда под падот на сончевите зраци во една куќа неколку километри до местото на веселбата, пред да го стави под пазуви, под палтото со еполети. Ја облекол униформата, ја наместил капата. Гледајќи се во огледало, се насмевнал: „Сега или никогаш. Јас или никој. Тука или никаде. Таа е моја. Ќе си ја земам“.

Илинденско воустание 2013

Ако на Питу и Карев им беше лесно да се борат против Турците, ако Александар и Филип немаа гајле да влезат во ринг со Грците, ако Ченто и соборците со задоволство прогласија победа над германските фашисти, новата генерација во фамилијарното дрво на славните херои од историјата има реален проблем: нема против кого да се бори и да ја оживее македонската слава.

Земјотресот мора да престане

Ако ова беше писмена работа на тема „Катастрофалниот земјотрес во Скопје" веројатно петтооделенецот јас ќе ја започнеше со „26-ти јули 1963 година, датум запишан со црни букви во срцето на секој Македонец...". Бидејќи не е писмена работа а јас не сум стигнал до петто оделение (на интернет сите имаме по 10 години), излагањето по темата ќе го започнам со едно реторичко прашање: Драго Скопје, дали земјотресот некогаш ќе престане?

Новите предлози за името

Имајќи предвид дека државниот врв доживува многуилјаден евро стрес по ова прашање, сметам дека света должност на секој искрен љубител на името Македонија, на републиката вон пламен и на нејзините секси планини и врели потоци, е максимално сериозно да се заангажира во насока на решавање на конфликтот со нашиот новонаречен Јужен Сосед кого во името на Перикле ќе си го ословувам како сакам, ама за почеток по уставно - Грција. Шо се римуват со ракија и е скроз супер ради то...

Ти сакаш само да ме ебеш

Ја сакам Македонија. Со цело срце ѝ ги сакам доматите кои ги раѓа околу Сарај па Васе Амзо прави салата каква немале ни на тајната вечера. Пази, да имале такво мезе Исус и екипата, така ќе се заракијале што Јуда немало да може да стане од софра за да си ја оствари предавничката карма. Ботом лајн, опијанет ќе кажел што планира па ќе го згрбавеле од ќотек апостолите и Бог немаше да ни е лут цели два месеци после тоа. Али нема такви патлиџанчиња во Ерусалим, нема...

Со јазик е поубаво

Со сите комшии генерално сме на пцуење мајка по многу точки од дневниот ред, бидејќи дневниот ред во недостаток на суштински егзистенцијални проблеми на микро и макро ниво (фамилија, држава) и хармонија во сите сфери, останува да си пополнуваме време со т.н. национални прашања. Бугарите признаваат држава, не признаваат народ (кај нив де) и јазик, Грците не признаваат ништо живо (ко лоши деца фатени со размачкана уста покрај празна телга еурокрем), Србите се генерално по-океј мимо Прохор Пчињски и еден мал детаљ од Министерството на Дедо Боже. Е, за разлика од нив, Албанците се шампиони...

Јајцето на газот

"Со пет фрлени јајца по оние кои сакаат да рушат цркви не може да се нахранат сиромашните, но со едно Порше Карера во какво е сликан Отец Пимен може да се нахранат стотици фамилии" стои во реакцијата на Веритас, здружението кое неколку дена по ред протестираше пред општина Центар, бранејќи ја православната вера пред „талибанскиот хват" на новиот шеф на општината Андреј Жерновски. И сè е јасно околу оваа ситуација, нели?

Браќа Турци, алал верба

Како и секоја револуциогена активност низ светот, и најновата турска драма која ја гледаме на нашите тв приемници нè инфицираше и не помина без синхронизација од наши актери. За некои, случувањата во Истанбул се нормална реакција на либералите на кои им дошло преку Босфор од политиката на Ердоган, за други Турците се најновите пикирани жртви од невидливата рака на илуминатите кои го отепаа Гадафи за нафта, а сега за донер ќебап се спремни да се пресметаат и со шефот на Турција. Вистината е некаде измеѓу, како и секогаш. Ама се чини дека е далеку од нас. Џенем...

Пријатели од вода и воздух

Mногу ми е убо шо имам пријатели. Многу ги сакам. Тие ми се како сонцето. Кога ги гледаш, уживаш. Кога не ги гледаш, го чувствуваш нивното присуство. Осеќаш дека се тука, позади некој облак, зад 9 броја, на три клика од тебе или на една слика во втората фиока од работното биро, која ја гледаш два пати годишно и се сеќаваш дека некој и два света оддалечен од тука ќе курбанизират едно јагне ко ќе се видите, од радост. Пријателите се живот. Пријателите се вода, трева, пиво. Tие се клучната состојка. Кашкавалот на пицата. Цигарето после сексот. Зелениот бран. Пријателите се закон.

Македонија мора да победи

Лешперските наслови секогаш привлекувале внимание. Лешперските фестивали такоџе. Евросонг, евровизија, евро и евра, Евридика, евритинг што го носи блудниот префикс „ЕУР" не пали како црвена боја младо бикче, како нов предлог на Нимиц, како виц за Тоше па се оштриме максимално за презентација на се што знаеме и умееме во друштвото на оние за кои не постоиме. Зошто? Бидејќи сме шупци. И како такви, мора бе да тепаме еднаш. Еве како...

Владика во офсајд

Владиката Петар изјави дека жената игра пресудна улога кога е во прашање одржливоста на една брачна заедница и опстојувањето на една нација. Јас не разбирам зошто му се нафрливте толку на човекот, сè е до тоа како ќе ги интерпретирате неговите зборови. Да, може да ги сфатите како третман на жената како машина за раѓање деца, но може и да ги сфатите како најголем комплимент кој едно високо црковно лице досега го искажало за жените...

Вучиќ не ти е крив

Драган и Хурем се топ. Хурем има цицки. Хурем има гз. Хурем ти е малтене Венера од Вилендорф родена во Истибање. Драган е лидер и го знае правилниот пат...

Шоуто мора да продолжи во Центар

Обожавам рокенрол утра. Кога првиот поглед наутро ти го краде ведрото небо, спремно со малку ветер и многу сонце да биде едно од најубавите неба кои ќе ги доживееш годинава. Ниедна бескрајна празнина не е пополна од едно такво небо. Плеј: Ролинг Стоунс, Don't Stop. Се тушираш со дисторзија, дури миеш заби тресеш колк ко Џегер. Излегуваш од дома, а концертот кој го свират во твојата глава не престанува. Кој воли нек изволи. И ждранг! Грешка во чекори: твоето рокенрол утро бил изборен ден. Мака? Мака. Океј, правиме мала пауза од рокенролот...

Не биди кретен, биди поконкретен

Да, можда трите последни Стар Ворс филмови не се најсреќното решение според џедаите, ама ја дообјаснуваат приказната, ѝ даваат фина нота на еден цел еп. Рамбо 3 е д хол поинт на Рамбовците. Во прв дел Сталоне кажува 3 реченици, убива 7 души. Втор дел: 12 реченици, 136 мртви. Трет дел, 300 збора – 800 мртви. Има консекутивност, се согледува контекст, се следи тренд. Е зш бе да немат продолженија на народниве песни? Кој тоа одлучи дека треба цел живот да се прашуваме дали на наредниот Мис Ворлд пак ќе нема поубаво девојче од Македонче, или дали некој му отишол на Јонче Христовски во куќата на Пелистер, аџанак, баџанак?

Европо, факоф

Туџе нечемо своје не дамо. Па ни критика. Затоа се осеќам глупо ко Претседател на држава на маргини на самит секогаш кога некој надворешен извор ќе напише некоја бљувотинска критика за нештата кои ги сакам, а си носат предзнак „мое" или „наше". Како вели Владо Јаневски: „Ова е само наше Скопје, тука ми е се..." /освен креативноста, честа и оригиналноста/. Ама мене стварно ми е тука скоро сè и стварно сакам да го видам градов поубав и понасмеан. Шо ме закомати сеа пак за Ск да се фаќам?