Ривалството меѓу Италија и Англија 9 мај 1933: Англија чека воз на Викторија станицата во Лондон пред да отпатува на пријателската во Рим. 14 ноември 1934: Англија одбила да игра на СП 1934, по што ги поканиле Италијанците да се пробаат на Хајбери. 16 мај 1948: На Комунале во Торино Англија победила 4-0. Стенли Метјус и Стан Мортенсен биле играчи на натпреварот. 18 мај 1952: 93.000 луѓе го виделе ремито на тогашниот Комунале во Фиренца. 24 мај 1961: Дедото на Џиџи, Лоренцо Буфон го скршил носот во 55. минута од оваа средба на Олимпико во Рим. 14 јуни 1973: Боби Мур и Факети се ракуваат во Торино. Англија загуби од Италија 2-0, после головите на Анастаси и Капело. 14 ноември 1973: Инвазија на теренот за последниот натпревар на Боби Мур за Англија. Победа на Аѕурите од 1-0. 16 ноември 1977: Киген со глава го матира Дино Ѕоф за победа на Англија 1-0 на Вембли. 15 јуни 1980: Кени Сансом промаши празен гол на дуелот кој Италија го доби со 1-0 после голот на Марко Тардели. 7 јули 1990: Во дуел за 3. место на СП во Италија, домаќините славеа 2-1 после продолженијата со голот на Роби Баџо. 11 октомви 1997: Капитенот Пол Инс крвари на квалификациски меч одигран во Рим, без голови. Хоџсон беше помошник на Ходл. Јан Рајт плачеше по крајот на истата средба за пласман на СП '98. 24 јуни 2012: Англија загуби на пенали во 1/4 финалето на ЕП во Украина. Пирло имаше повеќе пасови од цела Англија. 14 јуни 2014: Балотели со глава ги постави конечните 2-1 во групната фаза од СП во Бразил минатото лето.