На пат низ Бутан Будистичкиот манастир Paro Taktsang Palphug, познат и како Тигарско гнездо. Првиот манастир на оваа локација е изграден во 1692-ра. Ербас A319 на бутанската авио-компанија Друкаир се подготвува за слетување на меѓународниот аеродром во областа Паро. Деца на прозорец во училиште во Тимпу. Хималајската планина Џомолхари, на самата граница меѓу Бутан и Кина. Од 2010-та, 7.350 метри високиот врв на планината е искачен само 6 пати, заради забраната за пристап воведена од владата на Бутан, која планината ја смета за света земја. Будистички монах се подготвува за танц кој треба да биде изведен на свадбата на кралот Jigme Khesar Namgyal Wangchuck и идната кралица Jetsun Pema. Сопственик на продавница го подготвува билбордот од кралската двојка, пред да го закачи на излогот на својот дуќан. Постара жена набљудува од балконот на својот дом, во главниот град на Бутан. Жени во традиционална бутанска носија се подготвуваат за кралската свадба. Кондураџија ги изработува традиционалните чизми за учесниците на церемонијата по повод кралската свадба. Церемонијалните танчари го чекаат кралот да заврши со свадбената церемонија. Кралската свадба се одржа на истото место каде што кралот беше инаугуриран во 2008-ма. Гостите и локалците го започнуваат финалниот танц, или Tashi Labay, на кралската свадба. Кралот (во средина) и кралицата (зад него), заедно со гостите на главниот градски стадион, играат традиционален бутански танц. Будистички монаси играат свет танц за време на кралската свадба. Дел од локалците кои присуствуваат на кралската свадба. Кралот ја бакнува идната кралица пред илјадниците жители кои се собраа на третиот ден од кралската свадба. Граѓаните на Тимбу излегоа на улиците за да го видат нивниот крал со новата кралица. Луѓето го чекаат пристигнувањето на Кралската двојка на главната улица Кралот со девојче во своите раце, додека се поздравува со локалното население, за време на прославата по неговата свадба. Маж минува покрај молитвените знамиња кај манастирот Такстанг (Тигарско гнездо). Статуа на Буда во Бутан. Младите монаси гледаат од рид над главниот град на Бутан. Маж минува преку дрвен мост во Пунака. Пред само пет децении, Бутан беше феудална, средновековна држава, без патишта, соодветни училишта или болници, и едвај некаков контакт со надворешниот свет. Денес, образованието и здравствената нега го зголемија животниот век на жителите од едвај 40 на повеќе од 66 години. Поранешниот административен центар во Пунака, една од најголемите згради во Бутан. Маж во бутанска национална облека стои на место на небесен погреб, гледајќи кон долината Паро. Небесен погреб е традиционален тибетански ритуал, во кој телото на покојникот намерно е изложено на птици или дивеч. Домаќин подготвува храна во својот дом во село во близина на Пунака. Будистички монаси во комплексот Tashichhodzong, познат и како "Тврдината на Величествената религија." Дете го здогледува фоторепортерот на Ројтерс за време на голем одмор. Манастирот Paro Taktsang Palphug Традиционално облечени ученици во средното училиште Yangchenphug, пред пробата за нивниот годишен концерт во Тимбу. Молитвените знамиња на преминот Чилела, меѓу долините Паро и Хаа. Новите монаси Сангеј, 6, Тензин, 7, Тандин, 4, И Пембар, 10, одмараат по долгите молитвени часови во манастирот Dechen Phodrang. Манастир на рид во долината Хаа. Долината е сместена меѓу западната граница на земјата а на север се граничи со Кина, поточно со автономниот регион Тибет. Оваа долина беше затворена за туристите до 2002-ра.