Со колкава плата Ѕвонко Шундовски го остварил историскиот успех на ЕП 2012?
29 април 2024
- „Наша македонска болка е што генерално не знаеме да си ги цениме играчите, ниту стручњаците и многу сум свесен за тоа. Знаете за колкава плата е направен најголемиот успех на репрезентативно ниво? За 1.000 евра месечно, од кои четири плати не ми се доисплатени“.
- „И покрај тоа, среќен сум што за господинот Михајло Михајловски, јас сум тренерот кој го направил најсреќен и му го донел најголемиот успех за време на неговиот долгогодишен мандат како претседател на РФМ. Селекторите кои дојдоа после мене беа платени повеќекратно, како што налагаат европските стандардни“.
- „Во јавноста беше креирана атмосфера дека треба да се освои медал. Јас дадов неотповиклива оставка и направив простор да дојде тренер кој ќе го освои тој медал. Сè уште жалам за тоа што во сите овие години, не се повтори ниту приближно тоа што беше постигнато во мојот мандат, а медал не беше ниту споменат“, вели Шундовски во интервју за 24 ракомет.