Претседателот на УЕФА, Чеферин: „Хрватските стадиони се срамни, можно е да забраниме еврокупови“
11 април 2024
- Претседателот на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин во големо интервју за хрватски Национал коментирал разни теми - од Европското 2024 во Германија па се до аферата со ВАР ситуации во хрватскиот фудбал.
- Посебно бил критичен кон хрватските стадиони. „Се сложувм дека фудбалската инфраструктура во Хрватска е срамна. Словенија има подобра инфраструктура од Хрватска а ние сме помала земја со помалку фудбалски успеси“.
- „Иако ни кај нас државата не вложи ни едно евро во фудбалска инфраструктура. Хрвастска нема ниту еден стадион кој би можел да нагости некој сериозен натпревар. И натаму е најдобар ријечкиот стадион. Осијек е нов, а сè е тоа малку. Пољуд и Максимир се срам. Кога ќе ја видиш уште и онаа затворена трибина на Максимир. Блиску сме до одлуката таму веќе да не може да се играат европски натпревари“.