Пресврт во Баерн - врти сучи Тухел може да остане тренер
16 мај 2024
- Баерн Минхен долго време бараше замена за актуелниот тренер Томас Тухел со кого се договорија по крајот на сезонава да се збогуваат. Баварците првпат после цели 12 години одиграа сезона без освоен трофеј. Испаднаа од борбите за пехар во секој турнир каде што учествуваа.
- Тоа го чинеше Тухел отказ, но Баерн доби „корпа“ од десетина тренери кои ги контактираше затоа што речиси сите од нив имаат важечки договори и планирани проекти во клубовите каде што работат.
- Со оглед на тоа што во последниот дел од сезоната Баерн ја крена формата, а некои од највозрасните играчи како Милер и Нојер побарале Тухел да остане, ништо чудно да се смени планот на „Алијанц Арена“.