Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски стана светски шампион
27 април 2024
- Бобан Илиоски славеше со судиска одлука против Турчинот Берк Дузенли и стана професионален светски првак во кикбокс на ВАКА ПРО, во дисциплината К1 до 88,6 килограми.
- Илиоски и Дузенли во салата „Јане Сандански“, разменија многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелниот светски аматерски првак.
- Инаку Бобан Илиоски беше прогласен за спортист на годината за 2023 година.