Ливерпул договара нов тренер
26 април 2024
- Откако Јирген Клоп најави дека заминува по крајот од сезонава, Ливерпул веќе пар месеци е во активна потрага по негов наследник. Изборот изгледа падна на холандскиот стратег Арне Слот, тренерот на Феенорд.
- Ливерпул ќе треба да плати оштета од околу 15,5 милиони фунти за актуелниот предводник на Феенорд и неговиот стручен штаб кој целосно би се преселил на „Енфилд Роуд“.
- Арне Слот е поранешен фудбалер кој целата своја кариера ја минал во Холандија. Играл за Цволе, НАЦ Бреда, Спарта Ротердам. Како тренер ги водел Камбур, АЗ Алкмар и Феенорд. На клубот од Ротердам му донесе децениски чекана титула во 2023-та година а сезонава освоија и Куп на Холандија. Во 2022-ра играа и во финале на Лига Конференции каде загубија од Рома.