- Денес, 25.01., во галеријата ММ во Брисел ќе биде отворена нова изложба на мултимедијалниот македонски уметник Киро Урдин.
- За новата колекција слики која подоцна ќе биде поставена во изложбените галерии во Њујорк и Токио, авторот вели: „Главната идеја на изложбата 100 мали слики во маслена техника собрани во една инсталација како подвижна слика е што таа може да се разместува, компонира и декомпонира и притоа да ја менува ја внатрешно композицијата, содржината и експресијата.“
- Киро Урдин досега излагал во Франција, САД, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Мексико, Белгија, Кина, Порторико, Филипини и Тајван. Покрај сликарството и книгите со афоризми, тој ги илустрирал книгите на Жак Делор „Борбите за Европа“ и на Анатоли Карпов „Моите најубави победи“.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
- Денес, четврток 30.05. во 19 часот во Галерија Матица во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), во соработка со семејството Георгиевски, ќе се отвори изложбата на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.
- Изложбата ќе трае до 24 јуни.