- Филозофското друштво на Македонија годинава ги утврди наградите „Константин Филозоф“ во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач.
- Првиот добитник на наградата за животно дело е Ферид Мухиќ (1943), еден од доајените на македонската филозофска мисла. Магистрира и докторира на Универзитетот во Белград, а целиот свој својот работен век го поминува на Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што предава голем број предмети.
- Наградата ќе му биде свечено врачена на 20. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, 16 ноември, во свечената сала на Филозофскиот факултет.
- Денес, 1 јуни 2024 г., Друштвото на писателите на Македонија одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
- За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
- Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
- Денес, четврток 30.05. во 19 часот во Галерија Матица во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 – 25.5.2017), во соработка со семејството Георгиевски, ќе се отвори изложбата на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.
- Изложбата ќе трае до 24 јуни.