Нил Армстронг 1930 - 2012 Нил Армстронг, главниот пилот на екипажот на мисијата Gemini 8, позира на 11 март 1996-та пред контролниот центар на Вселенскиот центар Кенеди. Тест пилотот Нил Армстронг по успешниот лет со експерименталното летало на ракетен погон X-15. Член на консултантската група за пилоти на американската авијација го тестира симулаторот во фабриката на Боинг, на 15 марти 1962-ра. Во симулаторот седи мајорот Џејмс Вуд, а до него е пилотот на НАСА, Нил Армстронг. (од лево) Астронаутите Френк Борман, Нил Армстронг, Џон Јанг и Дек Слејтон, за време на тренингот за преживување во пустина во Невада. 1964-та. Астронаутите Нил Армстронг и Дејвид Р. Скот пристигнуваат во Комплексот 19, за симулиран тест од подготовките за летот на Gemini 8 закажан за 16. март 1966-та. Астронаутите Нил Армстронг и Дејвид Р. Скот седат во своето летало додека чекаат да ги собере бродот USS Leonard F. Mason по завршување на Gemini 8 мисијата. Астронаутите Дејвид Скот и Нил Армстронг, одат во ходникот на болницата Триплер на Хонолулу, каде одмораат една вечер пред да го продолжат својот пат до Кејп Кенеди, за да го дадат извештајот за мисијата Gemini 8. Нил Армстронг, во Ленгли истражувачкиот центар на НАСА, во близина на LEM (Lunar Excursion Module) симулаторот. Мај, 1969. Астронаутот Нил Армстронг се спасува од леталото за истражување на Месечината, кое експлодирало само неколку секунди претходно, додека тој го вежбал слетувањето на Месечината. Воена база Елингтон, 6-ти мај 1968. Копија на месечевата површина направена од бетон, на која е тестиран LEM симулаторот. Ленгли, Вирџинија, 20-ти јуни 1969. Тренингот на Нил Армстронг за прошетката по Месечината. 29-ти април 1969. Ракетата Saturn V, го носи Аполо 11 на првата мисија за слетување на Месечината. Во неа се Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Е. Алдрин помладиот. Во 9 часот и 32 минути, на 16-ти јули, 1969. Поглед на Земјата од Аполо 11. 16. јули 1969. Внатрешноста на Аполо 11. Нил Армстронг во командниот модул. Госпоѓа Армстронг, со фотографија од сопругот, направена за време на разговорот меѓу Аполо 11 и командниот центар. На задното седиште е нивниот 6-годишен син Марк. Поглед од Аполо 11 кој ја покажува Земјата како се издига на месечевиот хоризонт. Астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин стојат на скали на Месечевиот модул. 20-ти јули 1969. Сенката на Нил Армстронг додека го фотографира Месечевиот модул. 20-ти јули 1969. Нил Армстронг работи на Месечевиот модул. 20-ти јули 1969. Баз Олдрин фотографиран од Нил Армстронг на 20-ти јули 1969. Човекот кој само што одеше по Месечината, фотографиран веднаш по враќањето во леталото. 20-ти јули 1969-та. Екипажот на Аполо 11 чека да биде собран со хеликоптер од USS Hornet. Четвртиот човек во чамецот е член на американската морнарица. Сите четворица носат заштитни одела за биолошки карантин. Модулот слета во океанот на 24-ти јули 1969-та. Никсон се среќава со астронаутите од Аполо 11, кои се уште се во изолација по враќањето од месечината. Нил Армстронг им испраќа бакнежи на своите синови, 12-годишниот Ерик и 6-годишниот Марк. Членовите на Аполо 11, се уште во 21-дневен карантин ги поздравуваат своите сопруги на 27-ми јули, 1969. Нил Армстронг свири на укулеле, додека е во карантин со останатите членови на Аполо 11. Нил Армстронг се поздравува со луѓето што го пречекуваат пред Вселенскиот центар во Хјустон, на 11-ти август 1969-та, по завршување на карантинот. Пречекот на екипажот на Аполо 11 во Њујорк на 13-ти август 1969-та. Нил Армстронг, првиот човек што стапна на Месечината, ја отпоздравува насобраната публика. Екипажот на Аполо 11, на парада во Мексико Сити, како дел од турнејата на добра волја, со која САД сакаше да ја нагласи својата желба за споделување на знаењето за вселената. Во турнејата беа опфатени 24 држави и 27 градови. Нил Армстронг, на собирот на извидниците во Јапонија, 5-јули 1974-та. Нил Армстронг фотографиран за време на снимањето на едно телевизиско шоу во Париз, Франција, на 10-ти јули 1979-та. Нил Армстронг, добива стоечки аплауз додека се подготвува да и се обрати на публиката во универзитетот МИТ, на 3-ти мај 1994-та. Поранешниот астронаут Нил Армстронг зборува во близина на неговата статуа подигната во Универзитетот Пердју.