26 години по Чернобил Графит во Припјат, градот дух во близина на 4-от нуклеарен реактор на Чернобил. Нуклеарната централа Чернобил, два дена по експлозијата, во април 1986-та. На сликата е четвртиот реактор. Хеликоптер го деконтаминира регионот околу Чернобил, 13-ти јуни 1986. Инженер во Чернобил на проверка во санаториумот Леснаја полјана на 15-ти мај 1986. Протест против иницијативата на украинската влада за укинување на социјалната помош за "ликвидаторите," работниците кои се бореа со пожарот во Чернобил по несреќата. Дете во болницата за луекемија во Донетск, на 23 март годинава. Експлозијата во нуклеарката создаде радиоактивен облак кој мина преку голем дел од Европа и се уште им создава проблеми на милиони луѓе во Украина и соседите. Забавен парк во Припјат. Градот се наоѓа на помалку од 3 километри од нуклеарната централа. Припјат е основан во 1970-та за вдомување на вработените во Чернобил. Некогашната градинка во Припјат. Просторијата за спиење за децата во градинката во Припјат. Маж ја посетува својата куќа во забранетата зона околу Чернобил, во селото Ломијш, Белорсија. 72-годишната Наталија Макеенко (лево) ја гушка својата 82-годишна Галина Шчујка во напуштеното село Савичи, во близина на забранетата зона. Селаните на Ломијш на помен по повод смртта на Марија Борисенко, на гробиштата во селото. Марија била евакуирана по несреќата, но по нејзината смрт ја вратиле во родното село. 74-годишната Лида Масановиц, поранешна медицинска сестра, родена и израсната во сега напуштениот град Редковка во Украина. Лида сади кромид и ротквици на полето во близина на Редковка. По несреќата, на сите селани од околината им беше забрането да одгледуваат и да јадат локално произведена храна. Лида покрај сопругот Михаил, додека зборува на телефон со ќерка и. По несреќата нивната ќерка била хоспитализирана заради проблеми со тироидата. Лида и Михаил. Двајцата се запознале во Редковка, пред 50 години. Еден од ретките селани останати во селото Тулгович, Белорусија. Некогаш селото имало околу 1.000 жители, денес се останати само неколку пензионери кои ги одбиваат сите обиди за преселување. И покрај високите нивоа на радиација, забранетата зона е преполна со диви животни, откако луѓето ја напуштија областа по несреќата во Чернобил. Работник ги храни бизоните во државниот резерват во забранетата зона, во близина на селото Бабчин, Белорусија. Елен во резерватот во забранетата зона. Жена на преглед за рак на тироидната жлезда во селото Украинка во Украина. Пациент со рак во специјалната комора за терапија во болницата во Донетск. Виктор и Лидија Гаидак во нивниот стан на периферијата на Киев. Виктор 24 години работел како инженер во Чернобил,вклучувајќи ги и деветте години по несреќата. 13-годишната Олја Подопригора и 18-месечната Парвана Сулејманова, се опоравуваат еден ден по операцијата на отворено срце. Двете девојчиња имаат вродени срцеви мани. Секоја година во Украина се раѓаат 6.000 деца со генетски срцеви проблеми. Иако не е докажано, се верува дека главна причина за ова е радијацијата. Меморијалната сала во градскиот музеј на Славутич, со фотогарфии од мажите и жените кои загинаа во Чернобил веднаш по експлозијата. Повеќе од половина од семејствата во Славутич имаа член кој се уште работи во нуклеарката, и сите знаат колеги кои се разболеле или починале заради несреќата во Чернобил. Гајгеров бројач го покажува нивото на радијација во близина на 4-от блок на Чернобил. Возила загадени од радиоактивноста оставени во близина на нуклеарката. Околу 1.350 хеликоптери, автобуси, булдожери, цистерни, пожарникарни и оклопни коли, биле употребени по несреќата. Сите се биле озрачени за време на операцијата. Работниците садат дрва во близина на селото Богуши, Белорусија, кое се наоѓа во забранетата зона. Дрвата треба да оформат природна бариера која ќе го спречи ширењето на радиоактивни честички преку ветрот. Вработените на резерватот го проверуваат нивото на радијација кај прасињата на фарма во близина на Воротетс, Белорусија. Ученици носат гас маски за време на обуката за безбедност во Рудо, Украина, во близина на изолираната зона околу Чернобил.