Трамп за милијарда долари ќе ги спаси нафташите од електрични возила

На состанок во Маралаго со директори од американската нафтена индустрија Трамп побарал донација од 1 милијарда долари за неговата изборна кампања, а во исто време предложил повлекување на повеќе еколошки закони и одлуки донесени од Бајден.

На состанокот еден од директорите се пожалил дека и понатаму се соочуваат со сериозни проблеми предизвикани од еколошката регулатива и покрај тоа што само минатата година имаат потрошено 400 милиони долари на лобирање кај Бајден.

„Одговорот на Трамп стаписал неколку директори присутни на состанокот: Вие сте долно богати, рекол тој, и треба да соберете 1 милијарда долари за да ме вратите во Белата куќа,“ пишува Вашингтон пост.

Трамп ветил дека на првиот ден од мандатот ќе го тргне мораториумот на дозволи за вадење течен гас, ограничувањето за копање на северот од Аљаска и дополнителни дозволи за вадење нафта во Мексиканскиот залив.

Освен што побарал пари, тој побарал и нивно мислење за тоа како треба да изгледа неговата идна зелена политика.

Трамп отворено смета дека климатските промени се „измама“.

Бајден во овие 4 години има донесено над 300 најразлични мерки за справување со климатските промени, заштита на животната средина, промоција на јавното здравје и чиста енергија.

13 мај 2024 - 14:57