Патувал 11 месеци од Монголија до Олд Трафорд со велосипед, а застанал и во Скопје

11 месеци, 14.000 км и 20 земји содржи неверојатната авантура на дечкото кој се претставува како најголем навивач на Манчестер Јунајтед. Вредеше на крај. Му се исполни сонот.

Очихрвани од Монголија е еден од најголемите фудбалски фанатици за кои сме пишувале и очигледно голем авантурист.

Тоа што веројатно многумина не би се дрзнале да го направат со кола, тој го изведе со точак. Помина 11 месеци од својот живот низ 20 земји, возејќи 14.000 км по села, градови, планини, низ сите можни временски услови.

Се работи за поранешен фудбалер на кој сонот му бил еден ден да заигра за Манчестер Јунајтед, но уште кога почнал да тренира и да го гради патот кон професионално ангажирање со фудбал, бил измамен од лажен менаџер.

Го уништил и психички, но и финансиски. Ја изгубил мотивацијата, енергијата и вербата во себе, па решил на Јунајтед да му испрати писмо во кое ја раскажал својата сторија.

За да ја покрие лошата ситуација во која се нашол, Очихрвани тргнал да направи подвиг со кој ќе си докаже дека може да се издигне, но и да си го исполни сонот кој се вика Олд Трафорд.

Запознавал нови земји, култури, луѓе, одел во амбасади и се дружел со навивачи на Манчестер Јунајтед.

Кога стигнал до целта, клубот го испочитувал со сите нишани. Му обезбедил карта за натпревар, потоа фотографирање со Сер Алекс Фергусон, Гери Невил, Бруно Фернандеш и други, а врвот бил кога му го донеле Вејн Руни, идол и негова инспирација. Не може да поверува кога го виде и се расплака од возбуда.

Во Скопје наминал на 6 јануари и сликал историски знаменитости низ град.