Еротика на телевизија во ‘60-те

Во 1950-те, жена облечена само во горна пижама заводливо им се обратила на луѓето на телевизија и било скандал.

Во 1954 година, поранешна шоугрл од Лас Вегас се појавува како лик со име Волапша, од зборот voluptious, или заносна, или „со облини“. Ја викале „жива божица на љубовта“ и имала своја вечерна емисија посветена на љубовни филмови во Лос Анџелес. Емисијата била сродна со друга програма посвеена на хорор филмови што ја водела Вампира.

Магазинот Лајф има ваков наслов за Волапша:

„Љубов доцна навечер: Водителката се соблекува за да ја задржи публиката.“

И вака пишуваат:

„Волапша почнува со тоа што на секој маж во публиката му вели да си ги соблече чевлите, да ја олабави вратоврската и да ѝ биде многу добар пријател. Меѓу сегментите на влажна целулоидна љубов, Волапша и самата се соблекува по малку. До средината на програмата, веќе е во неглиже. Потоа, откако ќе прочита сонети и ќе им оддаде почит на нејзините славни љубовници, облекува ноќница, влегува во кревет, им пушта бакнеж на мажите и се поздравува.

Сликите од фотографот на ЛАЈФ Џорџ Силк го прикажуваат тој пристап на шоуто - меѓу нив ја има и Волапша како се пресоблекува зад параван, а на една слика ги има и зборовите на телепромптерот од почетокот некоја епизода: „Побрзав дома затоа што знаев дека ќе бидеш таму во 9:30. Но, сега се чувствувам фино и топло. Конечно сме заедно јас и ти. И така ќе биде засекогаш.“

Овие „опасни“ изјави доаѓаат во време кога брачните двојки на телевизија ги прикажуваат дека спијат во посебни кревети. Некои згрозени гледачи ја викале и Corruptia и се труделе да постигнат да се забрани.

И им успеало, глупи едни.

Само седум недели откако се појавила, на целиот притисок од религиозните и традиционалистичките групи, како и недостатокот на реклами, шоуто е откажано.

По „смртта“ на Волапша, актерката продолжила. Вистинското име ѝ е Глориа Палац, има пораснато во Бруклин, а на запад отишла после натпревар за убавина. Кариерата ѝ е составена главно од мали улоги во филмови и телевизија, иако се има појавено во девет епизоди од серијата „Командо Коди“. За краткото појавување како „стриптизета“ во филмот Jailhouse Rock не ѝ било ни наведено името, но има слика од таму што лесно се памти, каде што нејзините нозе се како рамка околу лицето не Елвис Присли.

Во раните 1960-ти, Палац се откажува од глума и работи како агент за недвижнини. Кога умрела, ја запаметиле како пионер.

„Беше отворено во допир со сопствената сексуалност и тоа беше многу опасна работа,“ има напишано авторот Р.Х. Грин, кој има снимено радиоемисија за Палац. „Немаме премногу приказни од тоа време што го илустрираат тоа, а Глорија има.“

13 мај 2024 - 00:00