Ко пластика во вода

Пластиката прв ја смозга Александар Паркес и ја обелодени на една лондонска изложба во 1862 година за што доби само бронзен медал. Оттогаш толку се имаме навлечено на тоа чудо што за 30 и кусур години, во морињата ќе има повеќе пластика од риба. 

До 2050 година морињата и океаните ќе содржат повеќе пластика отколку риба, гласи еден шокантен наод (.pdf) од Светскиот економски форум. Светот денеска толку многу се потпира на евтиниот а неразградлив материјал што до тој рок рибите ќе станат малцинство во своите природни живеалишта.

Се проценува дека денес во океаните веќе има околу 150 милиони метрички тони пластика. А се очекува нејзиното производство во следните 20 години да биде дуплирано. Од 1964 до сега е зголемено 20 пати.

Процентот на пластика што завршува во светските води се очекува да расте за 4,8% секоја година до 2025-та по што би се намалил на 3 % од 2025 до 2050.

Имајќи го предвид релативно стабилниот фонд на риба кој се проценува на 1.000 милиони тони, се очекува во 2050 да се случи тажен пресврт во бројките.

Во моментов размерот е три риби на една пластика (во тежина). Тогаш ќе биде еден на еден, со мала предност за пластиката. Ама таа барем не моча во водата.

25 јануари 2016 - 16:32