Две генерации луѓе потепаа пола планета

Човечката интервенција во просторот го носи останатиот жив свет во таков размер на уништување и геноцид кој не е виде претходно. Ние сме првата генерација која го знаеме тоа и последната која може да стори нешто пред да е предоцна.

Популацијата на цицачи, птици, риби и водоземци, од 1970 година до сега е намалена за цели 60%. Оние кои уште се тука се борат за гол опстанок и во вода и во воздух и на земја.

Не им е лесно бидејќи просторот во кој за прпат навлегува човечки фактор е намален за четвртина а до 2050 година се претпоставува дека само една десетина од планетата ќе биде раат од замешателство на хомо сапиенсот и неговата технологија. Ова го покажува најновиот двогодишен извештај LIving Planet кој е своевидна биопсија на живото ткиво на Земјата. 

Претераното искористување на ресурсите (рударење, сеча на шуми и слично), неодржливите модели на земјоделство и климатските промени се едни од клучните фактори за уништување на останатите видови жив свет на оваа планета. 

Ратата по која живиот свет се намалува е меѓу 100 и 1.000 пати поголема откако на Земјата доминира човекот.

„Податоците се застрашувачки. Ние сме првата генерација која е свесна дека ја уништуваме средината во која живееме и последната која може да стори нешто во врска со тоа пред да биде предоцна“, вели Тања Стил од организацијата која го подготвува извештајот.

5 ноември 2018 - 08:36