Збогум пломби, добредојде Алцхајмер

Забните пломби би можеле да станат историја ако се потврди откритието кое звучи неверојатно: постоечки лек за Алцхајмер содржи нешто што ги поттикнува забите сами да заздравуваат и да си ги пополнуваат дупките.

Истражувачи од Кралскиот институт во Лондон откриле дека лекот Тидеглусиб ги стимулира клетките во забниот корен сами да се регенерираат по што се способни да произведат нов дентин, оној минарализиран слој кој се наоѓа под завршниот забен енамел.   

Забите сами по себе имаат извесна способност за регенерирање на дентинот но на природен начин можат да создадат многу тенок слој, недоволен да се санира дупката.

Тестирањата покажале дека овој лек, кој обично се користи за пациенти со Алцхајмер, некако го исклучува ензимот ГСК-3 кој го стопира формирањето на забната маса.

Научниците демонстрирале дека е можно разградливо сунѓерче натопено со лекот да се стави во дупката, таму да иницира раст на дентинот и комплетно да ја санира штетата во рок од само шест недели. Сунѓерчето е од колаген па со тек на времето се растопува оставајќи го само поправениот заб.

Лекот веќе е клинички тестиран кај основните пациенти и не би требало да пријави посебни проблеми а овој начин на природно заздравување на забите ќе предизвика револуција во однос на денешнината во која доминираат пломбите и полнењата од средства на база на калциум или силикон, како и сета мака со нивно ставање, поправка или замена кои го одржуваат основниот проблем - фобијата од забарска столица.

9 јануари 2017 - 17:58