Шуќур, им текна за алергиите

Со години родителите се советуваа да не им даваат високо алергенска храна на децата во нивната најмала возраст. Сега почнуваат години во кои ќе се советуваат да го прават комплетно обратното. Ќе се најде ли лек за шизофреничноста на науката?

Заради стравот од алергии, продажбата на путерот од кикирики, некогаш најомилениот детски појадок во Америка денес е драстично опадната а во земјата постојат дури и "Денови за подигнување на свесноста за алергијата од путер од кикирики".

Од разни официјални инстанци на родителите им се советуваше никако да не им даваат ваков путер на децата барем додека не наполнат три години. Тоа правило важи уште од 2000 година и го постави американската асоцијација на педијатри кои предупредија на сериозните ризици со можни смртносни последици од конзумирањето путер од кикирики во најрана возраст.

Меѓутоа најновите медициснки наоди го тврдат токму спротивното а евиденцијата за тоа толку е кумулирана што сега се бара од родителите да ги бутаат алергичните деца во тегли од путер.

Децата со највисок ризик од алергија треба да бидат изложени на кикиририки од најмала можна возраст - меѓу 4 и 6 месеци - под контрола на специјалист кој би можел да изведе тестови на крвта и кожата пред да се донесе одлука на кој начин организмот ќе се запознае со кикириките. Тоа може да се изведе и во домашни услови а можно е и да се донесе одлука првиот пат да се проба во ординација. 

Сега науката убедливо верува дека раната изложеност на високо алергенска храна го подготвува организмот и неговиот имунитет за битка со алергиите или пак во најмала рака го намалува интензитетот на алергијата. Се претпоставува дека истото важи и за другата ваква храна како што се јајцата или оревите.

Инаку, за време на старите педијатриски упатства за избегнување храна која носи ризик од алергии, бројот на алергични деца на кикирики пораснал за 400 проценти.

10 јануари 2017 - 12:18