Рецесијата од 2008 нè разболе

Несигурноста и негативните очекувања создадени од рецесијата (а не од невработеноста) се причина за глобален раст на прекумерната тежина, дијабетесот и проблемите со ментално здравје.

Студијата е од Универзитетот на Лондон и Кингс колеџ од Лондон, и според нив веројатноста за прекумерна тежина и сериозно прекумерна тежина пораснала за 4,1 односно 2,4 проценти. Слично е и со дијабетесот каде растот е 1,5, додека кај менталните проблеми ова изнесува 4%.

Во овој период е забележано намалување на пушењето и пиењето алкохол, но и намален внес на овошје. Промените посебно влијаеле кај жените и кај луѓето со пониско образование.

„Резултатите од студијата покажуваат дека почетокот на рецесијата е поврзан со сè полоши прехранбени навики, зголемен раст и дебелост. Исто така се поврзува и со избегнување на ризично однесување, намалување на пушење и консумација на алкохол. Како дополнување, имаме зголемено користење на лекови и повисока веројатност од страдање од дијабетес или проблеми со ментално здравје,“ се објаснува во текстот на Универзитетот од Лондон.

Ваквиот раст има продолжен ефект врз комплетното здравство, бидејќи како што се намалува општо здравје, така се зголемува притисокот врз здравствените институции, што доведува до подолго чекање и полоши негативни ефекти.

Според жената што ја предводи студијата, професорката Мирела Џофри-Бонет, истражувањето „ја потврдува тесната поврзаност меѓу здравјето и економската околина, како што откривме дека Големата рецесија од 2008 доведе до намалување на ризично однесување, како пиење и пушење, ама и раст на веројатноста за дебелост, дијабетес и проблеми со ментално здравје.“

8 март 2018 - 10:51