Пробиотици и зошто не

Да не звучат многу нападно од Њу сајантист објаснуваат дека пробиотиците во најголем дел се бескорисни. Да не биде па дека се неодговорни потсетуваат дека освен ова пробиотиците можат и да ти наштетат.

Пробиотиците се уште еден првоборец на маркетиншки силно протежирана (а научно слабо поддржана) верзија на здрав живот што го снајде таков таксират да биде тестиран и проверен од научници. Овој пат научниците се од израелскиот Вајзман институт за наука кои ги интересира што се случува во дигестивниот систем кога ќе се напиеш пробиотик, а испитувањето го прават директно, со здрави волонтери кои ги подложуваат на ендоскопија и колоноскопија.

Крајниот заклучок на истражувачите е „некои луѓе го прифаќаат пробиотикот, додека кај други тој само минува од едниот крај кон другиот“.

„Истражувањето покажува дека иако пробиотиците го колонизираат гастроинтестиналниот тракт кај некои луѓе, кај други пробиотикот е исфрлен од самите микробите кои таму ги пречекуваат.

Нема како преку земање примероци од столица да се утврди во која од овие групи на луѓе припаѓаш.

Тие откриваат дека шаблонот на колонизирање на пробиотикот е крајно зависен од поединецот. Ова ни кажува дека концептот дека секој има ќар од универзален пробиотик е емпириски неточно,“ пишува Алисон Џорџ во текстот за Њу сајантист.

Следно што мерат е што се случува со микробите кај луѓе кои земаат пробиотици во надеж дека ќе го обноват нивното ниво по земање антибиотици. Кај групата на која и биле давани пробиотици со цел обновување на микробите во стомакот, тие и помогнале во расчистување на остатоците од антибиотици, меѓутоа го спречиле враќањето на микробите во следните 6 месеци.

„Ова е многу изненадувачко и алармантно за нас. Ваквиот спротивен ефект до ден денес не бил забележан,“ објаснува првиот човек на истражувањето Еран Елинав.

Кај групата на која микробите биле оставени сами на себе, околината се вратила во нормала за само неколку дена.

7 септември 2018 - 18:39