Пост-ковид бели дробови се бетер од најлошите пушачки бели дробови

Како да не беше доволен досегашниот уплав, меѓутоа американските доктори сакаат да знаете дека ретки се случаите кога рендгенска снимка од ковид-19 пациенти се вратила без да покаже сериозно оштетување на белите дробови.

„Пост-ковид белите дробови изгледаат полошо од кој било тип на ужасни пушачки бели дробови што gи имам видено. И тие колабираат. И се засируваат. А неможноста да се земе здив само трае и трае... и трае.

Сите се загрижени околу смртноста, и тоа секако е ужасна и страшна работа. Меѓутоа за сите преживеани и за сите што биле позитивни ова ќе биде голем проблем,“ објаснува хирургот и асистент професор по хирургија на Универзитетот Тексас Теч др. Британи Банкхед-Кендал.

До сега сите пациенти со ковид-19 симптоми секогаш имале лоша слика, а оние кои асимптоматично ја минале болеста во 70 до 80 проценти од случаите имале лоша рендгенска слика.

Во примерот што таа го споделува со Си-би-ес, има слики на нормални бели дробови, и бели дробови на пушач и на лице со ковид-19.

Кај првиот белите дробови се чисти и на снимката се црни што го обележува воздухот во нив. Белите дробови на пушачот имаат бројни бели линии, што ги покажуваат лузните и запушувањето, додека ковид белите дробови се речиси целите бели.

15 јануари 2021 - 14:10