Градот кој дојде до имунитет на стадото

Што ќе се случи во еден град ако на коронавирусот му се дозволи да прави што сака? Тоа му се случи на Манаус, главниот град на Амазонија, и сега тоа се разгледува како случај кој дава увид во тоа како би изгледало најлошото сценарио.

Ако Манаус е одговорот, тогаш наравоучението е дека од ковид-19 се заболуваат две третини од населението и дека ќе умре 1 од 500 луѓе пред епидемијата да се стиша.

Во текот на мај, вирусот рапидно се прошири во екваторијалната престолнина на Амазонија и тоа мина со преполни болници и свежо ископани гробови. Побарувачката за мртовечки сандаци била пет пати поголема отколку во мај претходната година. Но откако заразата го достигна својот пик пред четири месеци, бројот на нови ковид заболени и починати во градот од 1,8 милиони луѓе почнува нагло и необјасниво да паѓа. Од 80 мртви на ден, на два-тројца.

Група од бразилски и британски истражувачи сега ги проучуваат деталите за тоа како се случи толку масовна зараза што вирусот остана без нови домаќини во чии организми би се вселил. Мерки за претпазливост биле наложени но тоа е град со исклучително густа населеност, лоша водоводна и канализациона мрежа и пренатрупани канали со чамчиња кои се користат како транспортни средства.

Сумарните податоци велат дека нивото на смртност е 0.28%, односно еден починат на 350 заразени. Бидејќи не баш сите се заразени, општата смртност е еден на 500 или еден на 800 лица во градот.

Ако овие бројки се пресликаат на САД, тоа значи дека од ковид-19 ќе настрадаат околу 500.000 Американци, колку што и изнесуваа проценките за најлошото сценарио од почетокот на кризата. Во моментов, САД се на нешто преку 200.000 починати. 

Пред да се прават можни паралели со други градови, треба да се има предвид дека Манаус (градот на Мистер Но) има доста младо население и дека само 6% од жителите имаат преку 60 години.

 

27 септември 2020 - 10:56