Ковид-19 се повеќе труе на лабораториски експеримент

Џефри Сакс е првиот човек на комисијата на журналот Лансет за истражување на потеклото на ковид-19 и од таа позиција тој тврди дека е „уверен“ дека вирусот потекнува од лабораторија.

За време на истрагата Сакс заклучува дека има „екстремно опасни биотехнолошки експерименти кои се кријат од јавноста, и дека САД подржуваат најголем дел од овие експерименти и истражување, и дека е многу возможно САРС-КоВ-2 вирусот да настанал како грешка на опасно експериментирање со вируси“.

Сакс повикува и на независна истрага за потеклото на вирусот и верува дека „Националните институти за здравје (Фаучи) и многумина други членови на научната заедница спречуваат сериозна истрага на потеклото на ковид-19 и го оттргнуваат вниманието од хипотезата дека ризични експерименти поддржани од САД можеби довеле до милиони смртни случаи.“

Тој потсетува и дека до 2014 има мораториум на експериментирање со модификување на вируси за да бидат направени позаразни или посмртноносни. Во 2017 овој мораториум конечно е укинат по основа дека тоа е неопходно за да се заштитиме од идни посмртоносни вируси.

Сакс од својата функција лично го именува Питер Дасзак од Екохелт алајанс, да биде претседател на комисијата на Лансет за пандемијата.

„Потоа сфатив дека Дасзак не ми ја кажува вистината. Ми требаа неколку месеци, ама колку повеќе гледав, толку повеќе го презирав. И му реков ’ќе мора да си одиш’,“ објаснува Сакс.

Откако го отпушта Дасзак, Сакс станува мета на напади од голем број научници.

„Ги прашав, ’која е вашата врска со сето ова?’ Не ми кажаа. Па кога преку Законот за слобода на информации беа објавени некои документи што Националните институти за здравје ги криеа од јавноста, видов дека луѓето што ме напаѓаат исто така се дел од оваа работа. Па ја распуштив цела екипа задолжена за истрагата.

Значи моето лично искуство од блиску беше да сум сведок на нивното молчење. И тие се обидуваа да го насочат нашиот поглед на нешто друго. И на страна и од поставување на прашањата за кои денес зборуваме,“ раскажува Сакс.

15 август 2022 - 12:12