Колку чини што си дебел

САД ги имаат горе долу пребројано дебелите, ама не беа сигурни колку пари плаќаат за секој дебел Американец. Еве некои пресметки на темата.

- 190 милијарди долари е годишната сметка за медицинските трошоци поврзани со дебелината. Два пати поголема од претходните процени.

- 5.530 долари годишно се медицинските трошоци за вработен со БМИ поголемо од 40. За споредба, медицинските трошоци за пушачи се 1.274 долари повисоки од оние на непушачите.

- Годишно се трошат 5 милијарди долари повеќе за дополнителното гориво за авиони, потребно да се пренесат дебелите патници, во споредба со горивото потребно за тежините од 1960-та.

- 4 милијарди долари годишно повеќе за бензин за автомобилите на подебелите патници.

- 1.026 долари годишно се трошат на изостаноците на работа, за секој дебел вработен маж (со БМИ над 40). За жените во иста категорија, годишниот трошок е 1.262 долари.

- 1.056 долари е цената на медицинска столица која може да издржи до 225 килограми.

- 1.049 долари е цената на вц шоља за дебели која може да издржи до 315 килограми.

2 мај 2012 - 16:12