Како да НЕ фатите ебола?

Не дека во нашава животна околина нема многу пореални опасности од кои еден ден ќе загинеме загинете, глобалната паника од еболата влезе и кај нас па оние најуплашените веќе замислуваат како ќе се редат мртви тела по Партизанска. Пар совети за тоа како да се заштити човек. 

НЕ ПИПАЈ

Еболата се шири преку директен контакт со заразена телесна течност (крв, плунка...). Оние што доаѓаат во контакт со заразени треба да се опремени со стандардна опрема (ракавици, маска) иако скапите комплетчињата кои наоколу се нудат и самите предизвикуваат страв:

 

Во Африка обично вака ја дезинфицираат опремата:

ПОКРИЈТЕ ГИ ОЧИТЕ

Доколку се капнете на кожа, може тоа да биде брзо замиено и дезинфицирано. Но, ако ви кивнат во очи, злотворот веднаш влегува во вашиот систем. Мукозните мембрани на устата и носот исто така се слаби карики.

АЛИШТА

Една од најшокантните манифестации на еболата е крварењето. Болните крварат од нос, уста, очи, ректум.... Плус повраќања полни крв. Затоа, чистењето е една од најбитните фази во заштитата. Облеката би требало да биде прописно уништена. Сè уште не е најјасно колку време може вирусот да опстане на отворено. Грипот на пример, е жив неколку часа на површини како рачки од врати, на маси и сл.

КОНДОМИ

Општо земено, човек кој се опоравил од ебола веќе не може да го шири вирусот. Но, таа во семето може да опстане уште три месеци. Затоа, препорака на лекарите е оние што преживеале да апстинираат од секс или задолжително да користат кондом уште три месеци.

 

9 октомври 2014 - 09:22