ЈуТјуб видеото што ќе спаси милиони бебиња

Пред 7 години еден автомеханичар од Аргентина гледа видео на ЈуТјуб за тоа како со помош на кеса да извадиш плутана тапа од заглавена во шише. Добива инспирација за еден од најкорисните медицински изуми.

Откако го гледа видеото, Аргентинецот Хорхе Одон се враќа дома, легнува да спие, за неколку часа подоцна сред ноќ да се разбуди со револуционерната идеја.

Проблемот што му е во глава и што го решава откако го гледа видеото е како акушерите при пораѓање да се справат со бебиња кои се заплеткани во утробата на нивните мајки.

Одон прави прототип на својот изум, користејќи кеса, тегла и кукла од ќерка му. Изумот му го покажува на еден тамошен акушер, кој пак потоа го носи во Светската здравствена организација.

Сега изумот е веќе во производство. Се проценува дека годишно околу 5,6 милиони новороденчиња и 260.000 мајки умираат за време или веднаш по породувањето, а проблемот на кој работи Одон е еден од главните фактори кои придонесуваат за високата смртност.

14 ноември 2013 - 18:21