Јога чергичиња и мебел за неплодност?

Кај 80% од жените што одат на третмани за плодност (ин-витро) најдени се траги од хемикалии за задушување на оган што се користат во производство на јога черги, мебел и слични секојдневни производи.

Сите оние што имале високи нивоа од овие хемикалии било речиси 40% помалку веројатно да останат трудни по еден циклус на третмани за плодност отколку оние со ниски нивоа.

"Овие откритија покажуваат дека изложеноста на ПФР (Phosphate Flame Retardan) може да биде еден од многуте фактори што го снижува репродуктивниот успех. Тие исто така додаваат на досегашните докази кои покажуваат дека постои потреба од намалување на употреба на хемикалиите за задушување оган и наоѓање безбедни алтернативи.

Паровите кои одат на ин-витро третмани и се обидуваат да ги зголемат своите шанси за успех со тоа што ќе ја намалат изложеноста на хемикалии од околината, може треба да пробаат да избираат производи што се без ПФР," објаснуваат професорите од Харвард, кои ја спроведуваат студијата.

Ова е само најновата состојка во коктелот од хемикалии по дома што докторите ги сомничат дека се виновни за неплодноста. На списокот до сега има сè од пестициди и фталати (хемикалии што се користат за добивање поголема флексибилност кај пластични производи), до лоша вентилација на просторот.

Истражувачите потенцираат дека тоа што резултатите покажале дека постои поврзаност, не значи и дека докажуваат дека тоа е причина за неплодноста.

"Треба да со внимание да се земе податокот дека концентрацијата на овие хемикалии во урината може да се показател за некој друг аспект од животниот стил на жената, што доведува до ваквиот исход.

Секако дека треба да сме безбедни од пожари, и пред мажите и жените што одат на ин-витро терапии да почнат да ги фрлаат јога чергичињата, мислам дека треба да имаме повеќе податоци од поголема популација и од различни делови од светот," објаснува професорот Алан Песи, од Универзитетот Шефилд.