Изгубено, најдено, медицинско издание

Американската Комисија за безбедност на производи за потрошувачи секоја година уредно составува список на итни посети на болница предизвикани од користење на некој производ. На списокот има што да се види.

Од Дедспин го анализираат списокот и ги издвојуваат случаите кога се одело во болница за да ти извадат нешто од некоја од телесните празнини. Поредокот е: уво, нос, грло, пенис / вагина, ректум.

Со ред, одозгора надолу:

Од уво
- сапун
- топче од освежувач на воздух
- антена од воки-токи
- клуч
- скапоцен камен од круна играчка
- дијамант
- врв од пикадо стрелка
- бубачка
- шраф
- "ставил хартиена марамица во увото пред еден месец и уште ја чувствува како да е таму"
- ластиче
- тампон
- светкаво стапче
- цуцла од бебешко шише

Од нос
- мини пак за хокеј
- чепкалка за заби
- плетенка од коса
- зар со 10 страни
- олово за јадица
- мастика за џвакање
- таблета литиум
- сунѓер
- "користел метална закачалка за алишта за да избрка пчела од вратот и куката му влегла во нос"

Од грло
- закачалка за алишта
- стрела играчка
- ајкула играчка
- влакна од четка за скара
- пластична вилушка
- метална мрежа за садови
- "имав копче во рака, тргнав да кивам, пробав да ја покријам устата и го голтнав копчето"
- женско здолниште
- термометар
- сребрен божиќен украс
- фолија од печен компир
- колаче завиткано во целофан

Од пенис
- пластично цевче
- "пластична лажица и веројатно молив"
- игла за везење
- "заглавил клинец во мочниот канал, кој потоа мигрирал во бешиката"
- волнена преѓа
- долга пластична рачка од лажица за мешање
- "ставил долг балон во пенисот, кој девојка му требала да го надуе заради сексуална стимулација, и му пукнал"

Од вагина
- пластични рачки од ножици
- игли за плетење
- пенкало
- "големо количество песок"
- стегач за коса
- кесичка кристален мет
- нож за бифтек од 25 сантиметри
- жилет
- сунѓер
- "една батерија и три метални парички"
- затка за када
- "ставила кеса со пари во вагината за да ги сокрие од сопругот"
- топка за билјард
- "топка за оргазам"

Од ректум
- држач за четки за заби
- луле
- клучеви
- шишарка
- мала чашка за алкохол
- стапче за тапани
- шило за мраз
- ненаострен молив
- "имал/а анален секс и имало помодрување, и крв на тоалетната хартија, ставил кристал мет за да помогне околу болката."
- свеќа
- освежувач за воздух
- автолак
- пена за бричење
- шише шампон за коса
- шише лосион
- лименка сода
- "шише пиво во ректумот и шишето се скршило кога се обиделе да го извадат со клешти. Пред инсертирањето шише бил користен кокаин"
- телефонска жица
- топче за голф
- метален држач за тоалет хартија
- колци за шатор
- "свиткан комплет од пластични кесиња за ѓубре"
- божиќно ѕвонче
- цепаница

26 декември 2014 - 13:51