И мускулот од главата си пати

Модерната опседнатост на денешните мажи со своите мускули има и официјален термин: бигорексија. Речиси половина од мажјаците нездраво се обидуваат да изгледаат здраво.

Здравствените авторитети предупредуваат на растечата опсесија на мажите со својот изглед која може да биде и смртоносна. Бигорексијата е нездрава посветеност на физичкиот изглед од кој страдаат 45 проценти од посилниот пол.

Желбата за трупање мускули често води кон земање вештачки додатоци кои без прецизна контрола можат да ги растурат бубрезите и црниот дроб.

Збрлавени од насловните страници на магазините преполни со тонирани и дефинирани машки специмени, мажите сè почесто се несигурни околу својата тежина и изглед, поради што се спремни бескрајно да висат по теретани и да се напнуваат.

Деили ја пренесува приказната на Алфонсо Морети кој се опаметил по 12 години манијакална опседаност со изгледот и мускулите. Пресврт му се случил откако од дигање тегови го повредил вратот што му ја парализирало едната половина.

"Тоа ти го одзема целиот живот. Секоја мисла е поврзана со тоа колку вежбаш и како изгледаш. Го 'одвежбував" секој грам храна кој го внесував. Се будев во три ноќе за да пијам протеински шејкови и никогаш, никогаш не пропуштив ниту еден тренинг," вели 'ослободениот' Морети.

20 август 2013 - 13:32